Виза инфо |
На 1 јануари 2008 година стапи во сила Спогодбата за олеснување на издавањето визи меѓу Република Македонија и Европската заедница. Со Спогодбата треба да биде поедноставено издавањето визи за некои категории граѓани како блиски роднини, студенти, новинари, стопанственици, возачи итн. за патување во земји-членки на ЕУ, потписнички на шенгенскиот договор. Спогодбата претставува чекор кон укинувањето на визите, поточно кон безвизен режим. После скоро 6 месеци се поставува прашањето дали постапката за аплицирање на виза е поедноставна и олеснета? Дали граѓаните се информирани што им овозможува ова Спогодба? Ова активност паралелно се спроведува во сите земји во регионот за кои се применува сличен олеснет визен режим, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и е партнерство на МЦМС со 5 граѓански организации од тие земји и Европскиот сервис за граѓанска акција (European Citizen’s Action Service-ECAS). Достапни се повеќе информации за инфо-линиите во другите земји. Ова активност е поддржана од МЦМС, Фондацијата на крал Бодуин и Програмата Исток-исток на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија. Меѓу 10. Јуни и 30. Септември, 2008 г. МЦМС имаше отворена инфо-линија која им овозможи на граѓаните да се информираат за Спогодбата и да ги изнесат своите (позитивни/негативни) искуства од аплицирањето на шенгенска виза. За времетраење на инфо-линија се јавија 105 граѓани. Достапен е целостен извештај од инфо-линија (само на англиски). Крајот на месец мај и во текот на јуни беше спроведена теренска анкета меѓу 774 апликанти пред 6-те избрани амбасади. Резултатите од анкетата од Македонија и други земји од региоот ќе бидта презентирани на 10. Декември во Брисел, Белгија на меѓународна конференција. Достапни се повеќе информации за настанот. |