spacer.png, 0 kB
logo.png






spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Прес соопштение
Вторник, 26 Август 2008 00:00

Како што укажуваат резултатите од виза инфо-линијата очигледно е дека ЕУ досега не ја исполни реториката со пракса. После повеќе од два месеци од отворањето на инфо-линијата во земји-потписнички на Спогодба за олеснување на визен режим, меѓу кои е и Македонија, тековните извештаи од инфо-линиите не даваат никаков основ за задоволство.

Има огромна „дупка” помеѓу декларацијата на Европскиот совет од 20 јуни дека „промовирањето на односите луѓе со луѓе помеѓу Западен Балкан и ЕУ е од најголемо значење” и она што навистина се случува на теренот. Засега не можеме да најдеме позитивен одраз на визното олеснување низ цел регион, освен како идеја. Повеќето луѓе не ја гледаат разликата пред стапувањето на Спогодбата за визно олеснување и периодот после тоа.

Главните причини за што посакуваните позитивни ефекти од визното олеснување очигледно не се материјализирани според искуства на граѓаните споделени на виза инфо-линијата се: недостиг на информации, барања за дополнителните документи и појавување на нови “сокриени” трошоци, а постои и генерално построга клима и можност на заеднички правила од Спогодбата да се додадат сопствени „визни политики”. Особено загрижувачки се поплаките во кои се вели дека сега е потешко да се добие виза, отколку во минатото. Инфо-линијата и не најде многу докази за придобивките долгорочно повеќекратни визи да станат пошироко применети. Поради тоа, веќе во оваа фаза на проектот се поставува прашање: Дали компромисот за визно олеснување може да донесе подобрување во односот луѓе со луѓе и со тоа Западен Балкан да се доближи до Европа? Дали не е едноставно подобро да се забрза визната либерализација?

Инфо-линијата и други планирани активност како истражувањето кои се дел на проектот „Дали е навистина важно? Визно олеснување во Западен Балкан: Набљудување на визното олеснување“  сè уште не се завршени. Граѓаните што аплицирале за шенгенска виза уште може да се јават, да ги споделат нивните искуства и да се информираат за придобивките од Спогодбата на 02/30 65 381 (понеделник- петок 09:00 – 16:00) или Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите до крајот на септември. Повеќе информации за проект се достапни и на www.vizainfo.org.mk и www.needvisa.net. Проектот е поддржан од Фондација Кинг Бодуин и Фондација-Институт отворено општество Македонија.

 
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB