Што значи олеснувањето? |
Страна 5 од 6
4. Писменото барање треба да ги содржи следните ставки: а) за поканетото лице: име и презиме, дата на раѓање, пол, државјанство, број на личната исправа, време и цел на патувањето, број на влезови и доколку е релевантно името на брачниот другар и децата кои го придружуваат поканетото лице; б) за лицето кое поканува: име и презиме и адреса, или в) за правното лице, компанија или организација која поканува: полно име и адреса и - доколку барањето е издадено од организација, името и функцијата на лицето кое го потпишува барањето, - доколку лицето кое поканува е правно лице, компанија, канцеларија или филијала на правно лице или компанија основани на територијата на земја-членка, регистарскиот број како што е пропишано во домашните закони на засегнатата земја-членка. |