spacer.png, 0 kB
logo.png






spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Брисел ги оценува реформите за визна либерализација
Вторник, 20 Јануари 2009 10:29
Експертите од Европската комисија денеска со средби со началници во Министерството за внатрешни работи ја започнаа својата прва оценска мисија за доделување на визна либерализација на Македонија. Европските експерти, главно составени од претставници на чешкото претседателство, побарале нивната мисија да се одвива во тајност. Според информациите до кои дојде Алфа, во разговарите со неколку началници од МВР најмногу се интересирале за безбедноста на личните документи, интегрирањето на граничните премини и нелегалната миграција. 

Владата очекува мисијата да пројде во најдобар ред, бидејќи Македонија технички е спремна. Но, невладините организации предупредуваат, Македонија може да добие и негативни оценки, особено во делот на почитувањето на фундаменталните човекови права. 

Од друга страна, според Тања Хафнер Адеми од Македонскиот центар за меѓународна соработка, не е доволно само да се констатира дека Македонија е технички спремна во моментов туку треба да има континуитет во реформите.

Експертите од Европската комисија ќе останат во Македонија до крајот на неделава. За дефинтивен извештај, врз основа на кој Европската комисија ќе одлучи дали до Советот на ЕУ ќе прелдожи укинување или не на визнииот режим за Македонија ќе следува уште една мисија во текот на февруари.



Мери Бакалова

Извор: АлфаТВ (19.01.2009)

 
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB