spacer.png, 0 kB
logo.png






spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Прес соопштение - „Европа без граници“
Петок, 23 Јануари 2009 10:28

ЕКАС со партнерите се придружуваат на мотото на чешкото Претседателство со ЕУ „Европа без граници“. Ние доследно ја оспоруваме потребата за рестрикции што се наметнуваат врз слободното движење на работници од новите земји членки на ЕУ и затоа ја поздравува заложбата на Претседателството да се истакнат негативните ефекти од постоечките преодни мерки и предностите од проширувањето по 5 години.

Но, исто така, постојат повеќе скриени бариери и вистински јаз меѓу правилата од Спогодбата, прецедентното право на Судот и законодавството, во кое се става акцент на слободното движење и европското државјанство, со она што навистина се случува на теренот.

Во поширокото европско соседство, ЕКАС со партнерите сметат дека „Европа без граници“ треба да го вклучи и Западен Балкан. Чешкото Претседателство треба да биде чекор во вистинската насока со фокус на зајакнување на граѓанското општество и контактите меѓу луѓето, како и давање поддршка на патоказите за либерализација на визниот режим. Се разбира дека и тука спроведувањето останува отворено прашање, што се покажа и преку отворените телефонски линии и истражувањето спроведено од страна на ЕКАС и партнерските граѓански организации во Западен Балкан во врска со договорите за либерализација на визниот режим.

ЕКАС со партнерите повикува на либерализација на визниот режим за Западен Балкан во „Европа без граници“
(English version)

 
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB