spacer.png, 0 kB
logo.png






spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Што значи олеснувањето?
Индекс на артикл
Што значи олеснувањето?
1. Бесплатни визи за следните категории
2. Повеќекратни визи со подолг рок на важност
3. Документи кои се доволни за оправдување на целта на патувањето
4. Писменото барање треба да ги содржи следните ставки
5. Должина на процедурите за обработка на барањето за виза

1. Бесплатни визи за следните категории:


- Деца под 6 години;

- Ученици, студенти, студенти на последипломски студии  и наставници кои ги придружуваат, кои патуваат поради студирање или образовна обука, вклучително и во рамките на програми за размена, како и други образовни активности или активности поврзани со училиштето;

- Блиски роднини – брачен другар, деца, родители, баби, дедовци и внуци во посета на граѓани на Република Македонија кои легално престојуваат на територијата на земја-членка;

- Лица со посебни потреби и лицето кое ги придружува;

- Лица кои патуваат на хуманитарна основа;

- Учесници во меѓународни спортски настани и лицата кои нив ги придружуваат во професионално својство;

- Лица кои патуваат заради учество во научни, истражувачки, културни и уметнички активности, вклучително и универзитетски и други програми за размена;

- Учесници во официјални програми за размена организирани од збратимени градови;

- Новинари;

- Пензионери;

- Возачи кои вршат меѓународен превоз на товар и патници;

- Членови на екипаж на возови, ладилници или локомотиви во меѓународни возови;

- Претставници на организации од граѓанскиот сектор;

- Припадници на разни професии кои патуваат заради учество на меѓународни изложби, конференции, симпозиуми, семинари или други слични настани

- Градоначалници и членови на Советите на општините;

- Членови на официјални делегации.

За другите категории на граѓаните таксата изнесува 35 евра.

Бугарија и Романија, за кои е обврзувачко шенгенското право, но сe уште не издаваат шенген визи, можат да издаваат бесплатни визи за краток престој за граѓаните на Република Македонија, до денот кој ќе биде определен со Одлука на Советот за нивна целосна имплементација на Шенгенското право во визната политика.



 
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB