spacer.png, 0 kB
logo.png






spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
Што значи олеснувањето?
Индекс на артикл
Што значи олеснувањето?
1. Бесплатни визи за следните категории
2. Повеќекратни визи со подолг рок на важност
3. Документи кои се доволни за оправдување на целта на патувањето
4. Писменото барање треба да ги содржи следните ставки
5. Должина на процедурите за обработка на барањето за виза

2. Повеќекратни визи со подолг рок на важност:

А) Повеќекратни визи со рок на важност до најмногу пет години за следните категории лица:

- Брачни другари и деца (вклучително и посвоени), кои се помали од 21 година или се издржувани и родители (вклучително и страратели), во посета на граѓани на Република Македонија кои легално престојуваат на територијата на земја-членка, со рок на важност ограничен со времетраењето на важноста дозволата за легален престој;

- Стопанственици и претставници на деловни организации кои редовно патуваат во земјите-членки;

- Новинари;

- Претставници на верските заедници регистрирани во Република Македонија кои редовно патуваат во земјите-членки;

- Постојани членови на официјални делегации кои, на официјална покана до Република Македонија, редовно ќе учествуваат на состаноци, консултации, преговори или програми за размена, како и на настани кои се одржуваат на територијата на земјите-членки од страна на меѓувладини организации.

Б) Повеќекратни визи со рок на важност до една година за следните категории лица, доколку во претходната година се стекнале со најмалку една виза, ја употребиле во согласност со законите за влез и престој на посетената земја-членка и доколку постојат причини за барање на повеќекратна виза:

- Студенти запишани на додипломски или последипломски студии кои редовно патуваат поради студирање или образовна обука, вклучително и во рамките на програми за размена;

- Лица кои редовно патуваат заради учество во научни, истражувачки, културни и уметнички активности, вклучително и универзитетски и други програми за размена;

- Учесници во меѓународни спортски настани и лица кои ги придружуваат во професионално својство;

- Припадници на разни професии кои редовно патуваат заради учество на меѓународни изложби, конференции, симпозиуми, семинари или други слични настани кои се одржуваат на територијата на земјите –членки;

- Претставници на организации од граѓанскиот сектор, кои редовно патуваат во земјите-членки заради студирање или образовна обука, семинари, конференции, вклучително и во рамките на програми за размена;

- Учесници во официјални програми за размена организирани од збратимени градови;

- Градоначалници и членови на Советите на општините;

- Возачи кои вршат услуги за меѓународен превоз на товар и патници во териториите на земјите-членки, со возила регистрирани во Република Македонија;

- Членови на екипажи на возови, ладилници или локомотиви во меѓународни возови кои патуваат во териториите на земјите-членки;

- Лица кои имаат потреба од чести патувања заради медицински причини и лица кои е неопходно да ги придружуваат;

- Членови на официјални делегации кои, на официјална покана до Република Македонија, ќе учествуваат на состаноци, консултации, преговори или програми за размена, како и на настани кои се одржуваат на територијата на земјите-членки од страна на меѓувладини организации;

В) Повеќекратни визи со рок на важност од најмалку две, а најмногу пет години за категориите лица изнесени под (Б) и за други лица, доколку во текот на претходната година искористиле една повеќекратна виза во согласност со законите за влез и престој на посетената земја и доколку причините за барање повеќекратна виза се сe уште оправдани.



 
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB
spacer.png, 0 kB