Што значи олеснувањето? |
Страна 4 од 6
3. Документи кои се доволни за оправдување на целта на патувањето: - Ученици, средношколци, студенти, студенти на постдипломски студии и наставници кои ги придружуваат, како и лица кои патуваат поради студирање или образовна обука, вклучително и во рамките на програми за размена, како и други образовни активности или активности поврзани со училиштето: писмена покана или потврда за запишување од универзитетот, колеџот или училиштето во земјата-домаќин или студентски карти или потврдa за курсевите кои ќе се посетуваат; - Лица кои учествуваат во научни, истражувачки, културни и уметнички активности, вклучително и универзитетски и други програми за размена: писмена покана од организацијата-домаќин за учество во наведените активности; - Претставници на организации од граѓанскиот сектор, кои патуваат заради студирање или образовна обука, семинари, конференции, вклучително и во рамките на програми за размена: писмена покана од организацијата-домаќин, потврда дека лицето ја претставува организацијата од граѓанскиот сектор и потврда за основањето на таква организација од релевантен Регистар, издадена од надлежен државен орган, согласно националното законодавство; - Новинари: потврда или друг документ издаден од професионална организација со кој се докажува дека лицето на кое се однесува е новинар и документ издаден од работодавачот во кој е наведено дека целта на патувањето е да врши новинарска работа; - Учесници на меѓународни спортски настани и лица кои ги придружуваат во професионално својство: писмено барање од организација во земјата-домаќин: надлежни органи, национални спортски федерации или национални олимписки комитети на земјите-членки; - Стопанственици и претставници на деловни организации: писмена покана од правното лице или компанијата домаќин, или од канцеларија или филијала на такво правно лице или компанија, или од државни или локални власти на земјата-членка домаќин, или од организациони одбори на трговски и индустриски изложби, конференции и симпозиуми кои се одржуваат на територијата на земјите-членки; - Припадници на разни професии кои учествуваат на меѓународни изложби, конференции, симпозиуми, семинари или други слични настани кои се одржуваат на територијата на земјите -членки: писмена покана од организацијата-домаќин со која се потврдува дека лицето учествува на настанот; - Учесници во официјални програми за размена, организирани од збратимени градови: писмено барање од градоначалникот или од раководно лице во администрација на овие градови; - Возачи кои вршат меѓународен превоз на товар и патници во териториите на земјите-членки, со возила регистрирани во Република Македонија: писмено барање од здружение на превозници во Република Македонија кое врши меѓународен патен превоз, во кое се наведени целта, времетраењето и зачестеноста на патувањата; - Членови на екипажи на возови, ладилници или локомотиви во меѓународни возови кои патуваат во териториите на земјите-членки: писмено барање од надлежна железничка компанија во Република Македонија, во кое се наведени целта, времетраењето и зачестеноста на патувањата; - Блиски роднини – брачен другар, деца (вклучително и посвоени), родители (вклучително и страратели), баби, дедовци и внуци - во посета на граѓани на Република Македонија кои легално престојуваат на територијата на земја-членка: писмена покана од лицето-домаќин; - Претставници на верски заедници: писмено барање од регистрирана верска заедница во Република Македонија во кое се наведени целта, времетраењето и зачестеноста на патувањата; - Лица кои патуваат заради медицински причини и лица кои се неопходни заради придружба: официјален документ од медицинска институција со кој се потврдува потребата од медицинска нега во таа институција, потребата да се биде придружуван и доказ за потребните финансиски средства за плаќање на медицинскиот третман; - Лица кои патуваат заради присуство на погребни церемонии: официјален документ со кој се потврдува смртта, како и писмена потврда за семејниот или друг однос помеѓу апликантот и починатиот; - Членови на официјални делегации кои, на официјална покана до Република Македонија, учествуваат на состаноци, консултации, преговори или програми за размена, како и на настани кои се одржуваат на територијата на земјите-членки од страна на меѓувладини организации: писмо издадено од надлежен орган на Република Македонија со кое се потврдува дека барателот е член на делегацијата, која патува во другата Страна со цел да учествува на претходно споменатите настани, придружено со копија од официјалната покана; - Лица кои патуваат заради туризам: потврда или ваучер од туристичка агенција или тур-оператор акредитиран од земја-членка во рамки на локалната конзуларна соработка, со кој се потврдува резервацијата за организираното патување; - Лица кои патуваат заради посета на воени или цивилни гробови: официјален документ со кој се потврдува постоењето и зачуваноста на гробот, како и писмена потврда за семејниот или друг однос помеѓу апликантот и починатиот; |